29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку е брз C_Two? Не знае ниту Римац! (видео)

Колку е брз C_Two? Не знае ниту Римац! (видео)

Мате Римац од „прва рака“ ги покажа сите функционалности на својот суперавтомобил „C_Two“.

Oвој електричен хиперавтомобил заблеска во март на престижниот автосаем во Женева. Веднаш го привлече вниманието со својот изглед и перформанси кои ги најави производителот, но и цената.

Римац најави производство на дури 150 примероци, а секој од нив ќе вреди дури 1,7 милиони евра.

Хрватскиот иноватор во емисијата „Fully Charged“ ги покажува функционалностите на дизајнот на „C_Two“ во кој секој детали има улога, а ниту еден елемен не ги нарушува перформансите или служи исклучуво за визуелни цели.

Па така пакетот на батерии од 120 kWg е обликуван така што зазема помалку простор во патничката кабина и овозможува сместување на седиштата пониско во карбонската шасија на автомобилот кој поседува 1.914 KS.

Римац откри дека не знае колкава е максималната брзина која може „C_Two“ да ја постигне, затоа што конечниот разултат зависи од гумите. Поради тоа активното задно крило е прилагодено да го менува аголот при најголемите брзини поради силата на слепување на задните тркала на подлогата.

„C_Two“ допрва треба да ги изврши безбедносните тестови, но Римац веќе ги продаде сите 150 планирани примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП