4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Скопје Креатива 2018“ од 11 до 13 мај во МКЦ

„Скопје Креатива 2018“ од 11 до 13 мај во МКЦ

Го­ди­наш­ното издание на фе­сти­валот „Скоп­је кре­а­ти­ва“ ќе почне вечерва, 11 мај, во 20 часот во хо­лот, га­ле­ри­ја­та и ка­тот на МКЦ, со кра­тка свече­на це­ре­мо­ни­ја и му­зич­ка про­гра­ма. Фестивалот е во ор­га­ни­за­ци­ја на кон­грес­ни­от цен­тар „Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски“, а под по­кро­ви­телс­тво на гра­дот Скоп­је.

Фе­сти­ва­лот има за цел да пот­тик­не раз­вој на кре­а­тив­ни­те ин­ду­стрии, за што е по­треб­на еду­ка­ци­ја на гра­ѓа­ни­те и на мла­ди­те за соз­да­ва­ње но­ви про­из­во­ди. Пре­ку раз­ви­ва­ње­то ве­шти­ни и ин­тен­зи­ви­ра­ње на со­ра­бо­тка­та ме­ѓу се­кто­ри­те кул­ту­ра и еко­но­ми­ја се теж­нее да би­де ис­пол­не­та крај­на­та цел – кре­а­тив­ни­от по­тен­ци­јал да би­де ста­вен во функ­ци­ја на еко­ном­ски­от раз­вој.

„Од са­мо­то пр­во из­да­ние мно­гу јас­но, ед­но­став­но и ко­му­ни­ка­тив­но, бе­ше пред­ви­де­но де­ка фе­сти­ва­лот ќе се раз­ви­ва во на­со­ка на фе­сти­вал-пла­тфор­ма, кој ги под­др­жу­ва кре­а­тив­ни­те ин­ду­стрии во Ма­ке­до­ни­ја, зна­чи зем­ја без раз­ви­е­на и ед­вај раз­ви­е­на ме­ка ин­ду­стри­ја, ме­ѓу­тоа за да се ис­пи­та по­тен­ци­ја­лот и раз­во­јот на тој по­тен­ци­јал од стра­на на на­ши­те ди­зај­не­ри и умет­ни­ци што има­ат чув­ство за при­ме­не­ти ре­ше­ни­ја“, ве­ли Иван­ка Апо­сто­ло­ва, про­грам­ска ди­ре­ктор­ка на фе­сти­ва­лот.

Дел од програмата е посветен на прототипи, четири работилници на средношколците во соработка со своите ментори, работилници за дигитална фотографија, за изработка на веб-страници, како и за драмско пишување со фокус на монолози и дијалози.
Музичката програма на фестивалот е составена од групата „AUX88“ од Мичиген, САД, диџеј сесиите на Мирко Попов, Ерик Фокс, Мелани Дигит и Виолета Качакова.

Годинашниот фестивал се состои од 45 македонски проекти, а ќе има и странски гости на фестивалот, меѓу кои фотографот Геерт Де Таје од Белгија, етнологот, антрополог и кустос на музеи Тамара Николиќ Ѓериќ од Хрватска, Ралф Ѓони од Албанија – ПР, Иван Бркљаќ од Србија – претприемач и архитектите Билјана и Братислав Бранковиќ од Србија кои ќе имаат работилница за архитектура за деца.

Фе­сти­вал­ски­от фо­рум за раз­вој на кре­а­тив­ни­те ин­ду­стрии во Ма­ке­до­ни­ја е еден од нај­важ­ни­те на­ста­ни, а ќе се одр­жи денеска од 13 до 14.30 ча­сот во ки­но­то „Фро­си­на“ во МКЦ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП