15 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКласична и џез-музика врзана за Македонија, а со њујоршка инспирација

Класична и џез-музика врзана за Македонија, а со њујоршка инспирација

Со наслов „Сон – Верба – Љубов“ ќе бидат изведени двата концерти на Дуке Бојаџиев, од кои едниот утревечер, на 11 мај, со почеток во 19:30 часот и в сабота, на 12 мај, во истиот термин во новиот објект на Македонската филхармонија.

На денешната прес-конференција, освен Бојаџиев, кој пристигна директно од Њујорк, каде што живее и работи долги години, присуствуваше и дел од музичкиот креативен тим кој ќе настапи со него, како специјалната гостинка на концертот, пејачката Тијана Дапчевиќ, Исмаил Лумановски, кој ќе настапи на својот кларинет, Костас Анастасиадис на тапани и Мартин Ѓаконовски на контрабас.

„По речиси две години пауза се враќам во Македонија со два целовечерни концертни настапи и огромна радост ми причинува што за првпат ќе настапам во новиот објект на Македонската филхармонија. Музичкиот тим кој стои зад мене не се само мои долгогодишни соработници, туку и пријатели чиј професионален багаж бескрајно го ценам. На мое огромно задоволство за првпат со мене ќе настапува и мојата долгогодишна пријателка Тијана. На програмата ќе биде дел од мојот авторски материјал освежен со нови нумери од албумското издание ‘Сон- Верба -Љубов’, како и дел од моето поново филмско творештво“, вели Дуке Бојаџиев.

Тијана и Дуке се пријатели повеќе од 20-ина години и нивните првични заеднички настапи датираат уште од времето кога настапуваа во Македонската радио-телевизија, но ова е прв нивен заеднички концертен настап во живо.

„Искрено, немаме оправдување и двајцата, ниту покритие зошто досега немаме настапено заедно на концерт во живо. Другаруваме од кога паметиме за себе, но ете ова ќе биде наш прв официјален настап заедно пред публика и превозбудена сум што сум дел од еден ваков музички тим. Дуке навистина ме почести со поканата да бидам негова специјална гостинка на концертот“, изјави Тијана.

Покрај нив на сцената ќе настапат и актерката Наташа Петровиќ како вокал и нарација и стринг-квартетот во состав: Владимир Крстев како виолина 1, Маја Ефремова Шеќерова како виолина 2, Марко Виденовиќ на виола и Марија Михајловска на виолончело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП