1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПланот на Audi – 800.000 EV возила до 2025-та

Планот на Audi – 800.000 EV возила до 2025-та

Германски „Audi“ претстави детален план на својот „EV“ сектор за следните неколку години, клучен детал е целта за продажба на 800.000 продадени единици годишно до 2025-та.

Само за пример, „Audi“ минатата година продаде 16.000 aвтомобил на електричен погон. Во „Audi“ очекува да има електрични и хибридни модели ќе однесат профит од милијарда евра до средината на следната деценија.

Откако веќе го претстави „E-Tron Sportback“ зa 2019-та, „Audi“ ќе го промовира и својот трет „E-Tron“ модел спортски седан „GT“ кој ќе во производство ќе се најде до 2020-та, додека во 30-ти август во Брисел ќе дебитира продукциска верзија „E-Tron“.

„Audi“ има уште поамбициозен пла за во иднина со лансирање на 20 електрични модели, најмалку по еден во секоја класа, а благодарејќи на платформата „MEB“ на „Volkswagen“ која е развиена во соработка со „Porsche“.

„E-Tron“ би требало да има домет од 400 километри, благодарејќи на литуим-јонската батерија од 95 kWh, која се полни за само 30 минути благодарејќи на моќни станици.

„Audi“ ветува изградба на речиси 200 такви станици со по шест полначни во Европа до крајот на оваа година.

Тоа е дел од планот од 400 станици на растојание од 120 километри на автопатите и на важните транспортни рути на „Стариот континент“ до 2020-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП