2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе подготвува „чистка“ во Арсенал

Се подготвува „чистка“ во Арсенал

Arsenal_36

Фудбалерите Андреј Аршавин, Денилсон и Себастијан Скилачи ќе бидат ослободени од Арсенал, објавија официјално од лондонскиот клуб. Русинот не успеа да се избори за место меѓу стартерите и одигра само 11 натпревари минатата сезона. Скилачи се појави во игра само еднаш, а Денилсон ги помина последните 2 сезони како позајмен играч во Сао Паоло.

„Андреј Аршавин, Денилсон и Себастијан Скилачи ќе го напуштат клубот на 30-ти јуни кога нивните договори истекуваат. Арсенал ја користи можноста да им се заблагодари за нивниот придонес и да им посака успех во иднина “, стои во соопштението од клубот.

Сериозната чистка на Арсен Венгер може да влијае и врз уште неколкумина. Менаџерот е подготвен да се раздели со доста играчи, се со цел да обезбеди доволно средства за квалитетни засилувања, со кои може да бркаат поголеми цели.

Интересно е дека еден од тие кои би можеле да си заминат е и капитенот на тимот Томас Вермален. Во последно време тој ја загуби довербата на Венгер и беше заменет во стартниот состав од страна на Лорен Кошчелни.

Цената на Вермален е 5 милиони фунти, што е двојно помалку од трансферната сума која пред четири години му ја платија на Ајакс. Се очекува ова лето Арсенал да го доведе дефанзивецот на Свонси Ешли Вилијамс.

Другите играчи кои би можеле да се најдат на продажба се Маруан Шамак, Никлас Бентнер, Парк Чу-Јонг и Андре Сантос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП