28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle го купи правото да го продава кафето на Starbucks

Nestle го купи правото да го продава кафето на Starbucks

Швајцарската „Nestle“ ќе плати 7,15 милијарди долари за правото да продава производи на „Starbucks“ – од кафе во зрна до капсули, пишува „Bloomberg“. Ова е трет по големина договор во 152-годишната историја на прехранбениот гигант.

Наспроти цврстиот износ на компанијата ќе им биде дозволено да продаваат пакувани производи на „Starbucks“ во супермаркетите, рестораните и угостителството. Кафето ќе продолжи да се пакува во САД, како што е познато од условите на договорот помеѓу двата гиганти.

Со овој потег, „Nestle“ ќе ги поддржи своите брендови „Nescafe“ и „Nespresso“, кои достигнаа лимит во продажбата, објави агенцијата. Според „Euromonitor“, „Nescafe“ постојано го губи уделот на пазарот во последниве години.

Генерално продажбата на „Nestle“ го забележува својот најголем бавен раст во последните две децении и аналитичарите се категорични: „Nestle“ има потреба од голем бренд и тоа веднаш.

За Ален Оберхубер од „MainFirst Bank“ во Цирих, „Starbucks“ е единствениот бренд кој ги задоволува потребите на „Nestle“. Експертот вели можеби за овој потег е веќе доцна, но тоа е „апсолутно витален чекор“.

Се надеваме дека со договорот, „Nestle“ ќе може да ја издржи дури и својата најголема закана – „JAB“. Компанијата потрошила 30 милијарди долари за да ја создаде својата империја за кафе, зајакнувајќи ја со единицата на „Mondelez“.

По веста акциите на „Nestle“ поскапеа со над процент за време на трговијата на берзата во Цирих, откако од почетокот на годината запишаа пад од 9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП