18 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиера на новиот руски филм СОБИБОР на 14 мај во Скопје

Премиера на новиот руски филм СОБИБОР на 14 мај во Скопје

На 14 мај во Кинотеката на Македонија во Скопје премиерно ќе биде прикажан најновиот руски филм за единственото успешно масовно бегство од германски концентрационен логор во Втората светска војна.

Филмот е заснован врз настани кои се одиграа во текот на Големата Татковинска војна во нацистичкиот логор на смртта СОБИБОР во Полска. Во октомври 1943 година, поручникот на советската војска Александар Печерски, кој како заробеник се наоѓа во логорот, за само три недели успева да организира бунт на затворениците од земјите на западна Европа и Полска- единствениот успешен бунт во нацистички логор на смртта.

Еден од најпопуларните руски филмски актери Константин Хабенски со овој филм дебитира како режисер и ја толкува улогата на Александар Печерски. Хабенски исто така е познат  и по филмовите Ноќна стража, Времето на првите, Адмирал а исто така има играно и во холивудски остварувања како што се Црно море, Баран, Крај на пријателството, Светска војна 3.

Премиерата на филмот се одржува во рамките на прославата по повод 73-годишнината од Победата во Големата татковинска војна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП