20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗVW подготвува најбрз Golf GTI на сите времиња

VW подготвува најбрз Golf GTI на сите времиња

За време на тjунинг-фестивалот во „Wörthersee“ (Австрија) следната недела, компанијата „Volkswagen“ ќе претстави предсериски прототип на нова топ-верзија на својот модел „Volkswagen Golf GTI“. Тој ќе добие дополнителен „TCR“ додаток и ќе биде достапен до крајот на годината.

Моделот ќе претставува „граѓанска“ верзија на тркачкиот „VW Golf GTI“, кој учествува во сериите „TCR“ и располага со мотор со 350 КС. Под хаубата на автомобилот ќе биде поставен 2,0 литарски бензински турбомотор кој развива 290 КС и 370 Nm, во комбинација со 7-брзински автоматски менувач со две спојки и диференцијал со блокатор на предната осовина.

Со електронски органичената максималната брзина идниот „Golf GTI TCR“ ќе може да развие 250 км/ч, а без него – 264 км/ч. Ова е само еден километар помалку од показателите на тркачката модификација „GTI Clubsport S“ која развива 310 КС.

Новиот „Volkswagen Golf GTI TCR“ ќе се распореди меѓу верзиите „Performance“ (245 КС) и „R“ (310 КС). Стандардниот „Golf GTI“ развива 230 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП