7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Земјите со најмногу вработени роботи

График на денот: Земјите со најмногу вработени роботи

Подемот на машините е неоспорен факт. Податоци на Меѓународната федерација за роботика откриваат дека темпото на индустриска автоматизација се забрзува во поголемиот дел од развиениот свет со 66 инсталирани индустриски роботи на 10.000 вработени во светот во 2015-та година.

Година подоцна тие се веќе во просек 74. Европа располага со 99 роботи на 10.000 вработени, додека во Северна и Јужна Америка, и во Азија нивниот број достигнува соодветно 84 и 63. Кина исто така е меѓу земјите со најголем раст на индустриска автоматизација, но густината на роботите е најголема во Јужна Кореја, според „Statista“.

Во 2016-та година азиската земја имала 631 инсталирани индустриски роботи на 10.000 вработени благодарение на се ‘поголемиот број роботи во електрониката и индустријата. 90% од индустриските роботи во Сингапур се инсталирани во нејзината индустрија за електроника и земјата се рангираше на второто место по густина со 488 роботи на 10.000 вработени.

Германија и Јапонија се познати по автомобилската индустрија и кај нив густината е малку над 300 роботи на 10.000 вработени. Интересно е дека Јапонија е еден од најголемите играчи во индустриската роботика, со удел од 52% од глобалната понуда.

Во САД стапката на автоматизација е побавна, па таму на 10.000 вработени отпаѓаат 189 роботи. Кина се стреми да го зголеми нивото на автоматизација во наредните години и цели да влезе во првите десет земји со најголема густина на роботи до 2020-та година.

Во 2013-та година во земјата имало 25 роботи на 10.000 вработени, а до 2016-та година нивниот број се зголемил на 68. Индија се уште заостанува зад другите земји во автоматизацијата и имала само три индустриски роботи на 10.000 вработени во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП