13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмоќниот SUV на Jaguar: F-Pace SVR (фото+видео)

Најмоќниот SUV на Jaguar: F-Pace SVR (фото+видео)

„Jaguar“ објави галерија на фотографии од моделот „F-Pace SVR“ со 550 „коња“ кој дебитираше на саемот за автомобили во Њујорк.

Кога го претстави моделот „F-Pace“, „Jaguar“ соопшти дека имаат намера спортскиот дух кој го поседуваат останатите модели на овој бренд да го пренесат и во „SUV“ сегментот.

Круната на таа замисла беше реализирана во верзијата „F-Pace SVR“.

Моделот кој се наоѓа во врвот на понудата на „SUV“ возилата на „Jaguar“ има 5.0-литарски „V8“ мотор со компресор кои испорачува 550 ks и 680 Nm.

Автомобилот од 0 дo 100 km/h стигнува за само 4,3 секунди, a максималната брзина е 283 km/h.

Покрај подолнителните аеродинамички елементи, „F-Pace SVR“ се разликува од стандардната верзија и по новите бандажи од ултра-лесна легура од 21 инчи, додека на располагање се и изборни тркала од 22 инчи.

Со цел овој „ѕвер“ безбедно да запре, поставени се моќни сопирачки со дискови со димензии од 395 mm на предните и 396 mm на задните тркала.

Инаку, „Jaguar“ покрај новата, „SVR“ верзија, на купувачите им нуди и обична верзија на моделот „F-Pace“ во кој се понудени нови содржини и системи за безбедност.

Меѓу нив се и подобрениот адаптивен темпомат со систем кој му помага на возачот да го одржи автомобилот во средишниот дел на сообраќајната лента во која вози, како и систем за автоматско сопирање во случај на опасност кој функционира при брзини до 160 km/h.

Во понудата исто така е новиот 10-инчен мултимедијален систем, кој доаѓа како стандарден дел од опремата, како и бројни естетски додатоци во кабината на возилото.

Моделите со бензински мотори добија и нови филтри за ситни честички, а некои бензинци сега имаат и поголем резевоар со зафатнина од 82 литри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП