21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЈубилеен концерт за светскиот ден на хармониката „10 години го живееме сонот…”

Јубилеен концерт за светскиот ден на хармониката „10 години го живееме сонот…”

Здружението „Љубители на класичната музика” Скопје по десетти пат организира концерт по повод интернационалниот празник и роденден на инструментот хармоника.

Светската Унија на хармоникашите одлучи 6 мај да го прогласи за светски ден на хармониката во 2009 година. Причината токму овој ден да биде прогласен за ден на хармониката е датумот на кој во 1829 година за прв пат е патентиран инструментот.

Свечениот јубилеен концерт по повод Светскиот ден на хармониката ќе се одржи в недела, 6 мај, со почеток во 20 часот на големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје. Влезот е слободен.

На концертот ќе настапат реномирани уметници од земјата како и ученици и студенти од класата на Проф. Зорица Каракутовска. На програмата ќе бидат изведени дела од: Зубицки, Дербенко, Бете Илин, Анџелис, Пјацола и други.

Концертот е поддржан преку националната годишна програма за култура на Министерството за култура. Меѓународниот проект „6-ти мај Светски ден на хармониката” македонското здружение на хармоникашите го поддржува со успешна реализација на концерти во земјата и странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП