24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKIA го покажа серискиот Niro на електрична енергија (видео)

KIA го покажа серискиот Niro на електрична енергија (видео)

Пред половина година „KIA“ го претстави концетуалниот прототип „Niro EV“, а сега е подготвен и сериската верзија на моделот, кој претрпе некои промени.

Во обновениот електричен кросовер влегуваат индикациската оптика, преработените предни и задни браници, дополнителните хромирани елементи и специјалните 17-инчни бандажи.

Компанијата открива дека „KIA Niro EV“ бил изграден на платформата што се користела за „Hyundai Ionic EV“. Должината на електричниот модел е 4.375 мм, широчината од 1.805 мм, а висината е 1.560 мм. Растојанието помеѓу двете оски е 2.700 мм.

„Nio EV“ нуди избор од два електрични мотори од 135 и 204 коњски сили. Во првиот случај батеријата е со капацитет од 29,2 kW/h, што обезбедува домет од 240 км (по новиот циклус за мерење „WTLP“). Втората батерија е од 64 kW/h, а километражата достигнува 380 км.

Меѓу асистентите и системите за безбедност кои се вклучени во моделот влегуваат крус-контрол и асистент за одржување на лентата на движење, систем за спречување на фронтален судир, сензори за следење на заморот на возачот и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП