5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda станува „Made in Germany“

Škoda станува „Made in Germany“

Поради големиот интерес на купувачите, „Škoda“ го проширува производството на компактниот „SUV“ модел „Karoq“ надвор од границите на Чешка.

Првиот примерок на „Škodа Karoq“ слезе од фабричката лента од погонот во Квасини во Чешка во јули 2017-та.

Mеѓутоа, производителот набрзо сфати дека само една фабрика не може да ја задоволи зголемената побарувачка за овој модел, па започна со изработка на својот нов „SUV“ и во главната фабрика на компанијата, во градот Млада Болеслав.

Сепак, ниту тој потег на раководството на „Škodа“ не беше доволен чешкиот производител да фати приклучок со растот на бројот на нарачки. Затоа е одлучено „Karoq“ за почне да се изработува и надвор од границите на Чешка, поточно во фабриката на „Volkswagen“ во Оснабрик.

Производството на моделот „Karoq“ во овој град на северозападот на Германија ќе почне до крајот на 2018-та и ќе продолжи барем во текот на 2019-та година.

Групацијата „Volkswagen“, во чија сопственост е и брендот „Škoda“, во оваа фабрика веќе го произведува „VW Tiguan“, a oд 2020-та таму ќе се изработува и компактниот кросовер „VW T-Roc“ во кабриолет верзија.

Покрај тоа, во овој германски погон се произведува и „Porsche Cayman“, но и се фарбаат каросериите за моделот „Škoda Fabia“.

На трите производни ленти во фабриката во Оснабрик, во која се вработени околу 2.300 работници, во 2017-та беа произведени преку 76.000 возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП