17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУтре почнува Саемот на книгата, ЈСП воведе две нови линии до салата...

Утре почнува Саемот на книгата, ЈСП воведе две нови линии до салата „Борис Трајковски“

„30 години читаме со задоволство“ е слоганот на јубилејниот 30. по ред Саем на книгата, кој започнува утре, а ќе трае до 9 мај, во ВИП-арената „Борис Трајковски“.

За подобар пристап до Саемот, по барање на „Скопски саем“, ЈСП воведе две нови автобуски линии од разни краеви на Скопје, со број 100/1 и 200/1, кои ќе водат до арената, а влезот за сите групни и организирани посети на ученици ќе биде бесплатен. Работното време на Саемот е од 10 до 20 часот. Цената на редовната влезница изнесува 30 денари.

Саемот го организира „Скопски саем“, под покровителство на Министерството за културa. Организаторите соопштуваат дека најавено е учество на 70-ина издавачки куќи од Македонија и од регионот.

Покрај изложбено-продажниот дел, предвиден е посебен простор за т.н. промотивен центар, каде што ќе се одвиваат настаните. Дел од програмата на промотивниот центар е и доделувањето на наградите во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), што е закажано за сабота, 5 мај, во 18 часот, како и доделувањето награди организирано од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ), што ќе биде во вторник, 8 мај, во 19 часот.

Сите што ќе го посетат Саемот на книгата ќе може да ги проследат промоциите што ги организираат издавачките куќи на своите штандови, да ги видат сите нови наслови, но и да си набават книги со големи саемски попусти до 70 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП