23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПанта Мижимаков добитник на признанието „Златен објектив“ на Кинотека на Македонија

Панта Мижимаков добитник на признанието „Златен објектив“ на Кинотека на Македонија

Филмскиот работник, Панта Мижимаков, е добитник на „Златниот објектив“ – признание за исклучителен придонес во македонската кинематографија што Кинотеката на Македонија го доделува секоја година.

Доделувањето на признанието ќе се одржи во четврток, 3 мај, во 12 часот во киносалата на Кинотеката.

Инаку, ова признание се доделува на поединци кои со своето професионално делување придонеле македонската кинематографија да се создаде, развива, промовира и популаризира. Досегашни добитници на наградата се режисерите Бранко Гапо и Кирил Ценевски, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ, директорите на фотографија Драган Салковски и Љубе Петковски, доајените Благоја Дрнков, Трајче Попов, Коста Крпач и Илинденка Петрушева.

По свеченото доделување на „Златниот објектив“, ќе се одржи и проекција на краткиот документарен филм ЛИКВИДАТОР во режија на Трајче Попов. По проекцијата ќе има и разговор со Панта Мижамаков на кој ќе бидат присутни истакнатите филмски работници: Илинденка Петрушева, Русомир Богдановски и Столе Попов.

Запишувањето на Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград коинцидира со професионалниот ангажман на полето на кинематографијата на Панта Мижимаков, најпрвин со статус на слободен филмски работник, а подоцна наизменично како вработен во „Вардар филм“ и слободен филмски работник. Често работел на копродукциите и странските продукции кои се реализираат во Македонија и Југославија, а работел и за југословенски продуценти на повеќе филмски проекти (Шеќерна водичка, Полтрон…). Во „Вардар филм“ соработува на поголем број кратки, документарни и играни филмови кои на шпиците не го наведуваат неговото учество во продукцијата. Од 1991 е еден од основачите и директор на приватната продуцентска куќа „Пегаз“, со којашто има реализирано неколку филмски проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП