7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСите модели на Hyundai ќе изгледаат вака! (фото)

Сите модели на Hyundai ќе изгледаат вака! (фото)

„Hyundai“ го претстави седанот „Lafesta“ на саемот за автомобили во Пекинг. Автомобилот е во новиот бизнис стил на брендот – „Sensuous Sportiness“ кој го демонстрира дизајнот, на кој Корејците ќе вложуваат кај новите модели.

Всушност, првиот модел во овој стил беше концептниот „Le Fil Rouge“, претставен пред еден месец на саемот во Женева, додека „Lafesta“ е првиот автомобил за сериско производство на „Hyundai“ со новиот дизајн. Негови главни карактеристики се оптика, решетката на ладилникот, страничниот рељеф и малата „опашка“ на багажникот.

Судејќи по својата големина, „Lafesta“ е создадена врз основа на седнаот „Hyundai Elantra“. Растојанието помеѓу двете оски на двата модели е идентичен – 2.700 мм, но прикажаниот модел во Кина е со 90 мм подолг – 4.660 мм.

Под хаубата е поставен 1,6 литарски бензински турбомотор кој работи во комбинација со 7-степен автоматски менувач. Точните специфики за моторот не се објавени, но тој кај „Elantra“ развива од 177 до 204 КС.

Исто така, не е познато дали „Lafesta“ ќе се продадава надвор од Кина. Во Европа речиси сигурно седанот нема да се појави, бидејќи таму „Hyundai“ има голема надеж во хечбекот „i30“, кој е со идентични димензии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП