ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн сака да го даде Робен за Суарез

Баерн сака да го даде Робен за Суарез

soc_g_suarez-robben01_576

Баерн Минхен има желба во своите редови да го доведе напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез, па поради тоа се подготвени на Островот да го испратат Аријен Робен. Уругваецот пред неколку дена најави заминување од „Енфилд“, додека менаџерот на „црвените“, Брендан Роџерс очајнички се обидува да го задржи во екипата.

Суарез е под суспензија за настап на десет натпревари поради тоа што го гризна Бранислав Ивановиќ, а призна дека би му било тешко да ја одбие понудата од Реал Мадрид кој е засега најсериозен кандидат за негово купување.

„Имам договор со Ливерпул, но тешко дека би ја одбил понудата од Реал“, изјави пред неколку дена Суарез.

Меѓутоа, Баерн се надева дека ќе ја добие „војната“ со „кралевите“ со оглед дека братот на Пеп Гвардиола му е агент на Суарез. Доколку ни тоа не биде доволно освојувачот на Лигата на шампионите во својата понуда ќе го вклучат и Робен.

 

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП