20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпродавани автомобили во Европа во првите три месеци од 2018-та

Најпродавани автомобили во Европа во првите три месеци од 2018-та

Првите три месеци од 2018-та година беа доста успешни за автомобилските производители – продажбата забележаа голем раст во однос на истиот период од минатата година на сите пазари со мали исклучоци, како Норвешка и Велика Британија.

Во најдобро продаваните модели, нема промени во првите три – „Volkswagen Golf“, „Renault Clio“ и „VW Polo“, посочува сајтот „focus2move“.

До март од „Volkswagen Golf“ се продадени 149.428 примероци, што претставува зголемување за 11,3% во однос на првиот квартал од 2017-та година. „Renault Clio“ оствари продажба на 94.070 примероци (-1,9%), а „Volkswagen Polo“ продаде 89.490 возила (-7, 8%). Топ 5 се дополнува со „Ford Fiesta“ (88.563, -7,1%) и „Nissan Qashqai“ (84.570, – 0,4%).

Во првите десет се исто така „Skoda Octavia“ (78.259 продадени примероци, раст од 14,9% во однос на истиот период од 2017-та година), „Volkswagen Tiguan“ (74.514, -3,7%), „Peugeot 208“ (69.669, + 5,7), „Ford Focus“ (68.907, -4.4%) и „Citroen C3“ (64.993, + 0.2%).

Меѓу првите 20 модели, најголем раст забележа „Peugeot 3008“ со 37,5% споредено со првиот квартал од 2017-та година – 53,757 единици, па така моделот се најде на 15-то место. „Opel Corsa“, кој се рангира на 12-то место со 60.028 единици, го забележа најголем пад во продажбата – минус 21.6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП