28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSubway затвора 500 места во САД, проширувајќи го своето присуство во странство

Subway затвора 500 места во САД, проширувајќи го своето присуство во странство

„Subway Restaurants“, најголемиот светски синџир на храна, ќе продолжи да ги затвора американските ресторани во услови на проширувањата во странство, објави „Bloomberg“.

Оваа година „Subway“ планира да затвори уште 500 американски локации. Минатата година повеќе од 800 ресторани беа затворени, па вкупниот број во САД се намали до 25.908

„Ние сакаме да се осигураме дека ја имаме најдобрата локација. Во минатото бевме фокусирани на бројот на ресторани. Сега ги фокусираме нашите напори за зголемување на нашиот удел на пазарот“, рече извршниот директор Сузан Греко.

„Бројот на ресторани не е сè. Важно е да се развива нашиот бизнис“, додаде таа.

Синџирот на ресторани, формиран пред повеќе од 50 години, не успеа да ја зголеми продажбата во САД, кога се појавија нови и модерни синџири. Греко вели дека „Subway“ е погодена од жестоката конкуренција во САД, вклучувајќи го подемот на „McDonald’s“, чиј локален систем на продажба се зголемил за 3,4% во минатата година, покажуваат податоците на истражувачката компанија „Technomic“. Продажбата на „Subway“ падна за 4,4% во 2017-та година.

Ланецот треба да се бори и со конкуренцијата на супермаркети и бензински пумпи, во кои се повеќе се продава храна за дома, што го подложува „Subway“ на огромен притисок да биде побрз и попрактичен. Заедно со затворањето на локации, некои ресторани ќе бидат преместени на друго место и „Subway“ ги користи податоците од „SiteZeus“ за да избере подобра локација, вели Греко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП