17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера: Mercedes A Сlasѕ Sedan (фото+видео)

Светска премиера: Mercedes A Сlasѕ Sedan (фото+видео)

Компактната лимузина на „Mercedeѕ“ дебитираше на саемот за автомобили во Пекинг, и тоа во верзија со продолжено меѓуосовинско растојание која ќе се произведува и продава исклучиво во Кина.

Новата компактна лимузина во Кина ја има ознаката „Mercedes A Сlasѕ L Sedan“ (или „L Sport Sedan“, со поголем пакет на опрема), a ќе се произведува во погонот на компанијата која заеднички ја основаа германски „Daimler“ и кинески „BAIC Motor“.

Моделот наменет за кинеските купувачи има продолжено растојание меѓу осовините, па така патичката кабина е многу покомфорна, нешто што стана пракса на европските производители кои нудат лимузини во Кина.

Иако најпрво дебитираше во продолжена, „L“ верзија, „A Сlasѕ Sedan“ за другите светски пазари, вклучувајќи ја и Европа, ќе биде претставена подоцна во текот на година, со регуларно меѓуосовинско растојание.

Кога станува збор за моделот во Кина, „A Сlasѕ L Sedan“ ќе биде конкурент на „BMW Serieѕ 1 Sedan“, кој исто така е наменет исклучиво за кинеските купувачи.

Дизајнот на надворешноста е инспириран од концептот „A Sedan“ кој „Mercedes“ го претстави во април 2017-та, додека на предниот дел е превземен од хечбек врзијата од новата „A Сlasѕ“.

Димензиите на автомобилот се 4.609/1.796/1.460 mm, додека меѓуосовинското растојание е 2.789 mm и е поголемо за 60 mm во однос на „A Сlasѕ“ хечбек.

Капацитетот на багажникот изнесува 420 литри.

Внатрешноста практично е прекопирана од хечбекот „A Сlasѕ“, вклувачуајќи го и „MBUX“ мултимедијалниот систем, со два дигитални екрани поврзани во вид на голем таблет на таблата за команди.

Купувачите во Кина ќе можат да изберат помеѓу два пакети на опрема – „Sedan“ и „Sport Sedan“, додека на располагање се тркала во пречник од 16 дo 19 инчи.

Моторизацијата опфаќа само бензински мотори и тоа четирицилиндарски 1.33-литарски агрегат со 136 ks (100 kW) и 163 ks (120 kW), додека подоцна ќе биде достапен и 2.0-литарски со 190 ks (140 kW).

Седумстепениот автоматски менувач со двојно квачило (7G-DCT) е стандарден во сите верзии на оваа лимузина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП