24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот Ferrari нема да пристигне пред 2023-та

Електричниот Ferrari нема да пристигне пред 2023-та

Иако италијанскиот производител „Ferrari“ го започна развојот на својот прв електричен модел, тој не е дел од новиот петгодишен план (2018-2022) на групацијата „Fiat Chrysler Automobiles“ (FCA).

Директорот на „FCA“ и „Ferrari“, Серџо Маркионе јасно го искажа својот презир кон „EV“ технологијата, и покрај изјавата дека „ако има електричен суперавтомобил, првиот ќе биде од „Ferrari““, јасно е дека наскоро нема да видиме ваков модел со електричен погон.

Маркионе не го вклучи „EV Ferrari“ во петгодишниот план на групацијата, истакнувајќи дека електричната возила не се релевантни за компанијата, додавајќи дека и конкурентот „Lamborghini“ нема да понуди свој „EV“ модел пред 2026-та.

Додека го чека одговорот на пазарот за електричните суперавтомобили, „Ferrari“ ќе се концентрира на хибридниот погон, а Мариконе истакна дека во компанијата и натаму размислуваат кои модели ќе го добијат.

Првиот би требало да дебитира следната година на Cаемот за автомобили во Франкфурт. Претходната недела „Ferrari“ го тестираше својот хибриден погон на моделот „488 GTB“.

Во меѓувреме, конкуренцијата забрзано работи на своите електрични суперавтомобили. Веќе следната година се очекува „Porsche Mission E“, додека „Tesla“ новиот „Roadster“ кој од 0 до 100 km/h забрзува за 1,9 секунди ќе го претстави во 2020-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП