28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВечер на соло-песни од Томислав Зографски во Софија

Вечер на соло-песни од Томислав Зографски во Софија

Во концертната сала на Музеј „Борис Христов“ во Софија в четврток (26 април) со почеток од 18:30 часот ќе се одржи концертот „Вечер на соло-песни на Томислав Зографски“.

На вечерта посветена на истакнатиот македонски композитор ќе настапат Хелене Ангеловска – мецосопран и Дарко Мариновски – пијано. Настанот е посветен на македонската музика и незаборавните дела на македонскиот композитор.

Хелене Ангеловска ги завршува студиите по соло-пеење на реномираниот конзерваториум во Париз во 1990 година во класата на професор Фусако Кондо. Од 2016 година ја почнува соработката со пијанистот Дарко Мариновски со кого реализира неколку настапи во Скопје (во КИЦ и на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА).

Дарко Мариновски е роден во Скопје 1974 година. Средното музичко образование го завршува во МБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Во 1997 година дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на реномираниот професор Борис Романов. Магистерските студии ги завршува во 2000 година под менторството на професорката Јасминка Чакар.

Од завршувањето на студиите до 2013 година работи како професор по пијано и корепетиција во МБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Од 2009 година е Декан на Факултетот за применета музика на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА“ Париз-Скопје-Њујорк, која функција ја извршува до денес. Од 2013 година работи како соработник и професор во УГД – Штип. Дарко Мариновски е автор е на филмска и музика за театар и е соработник на повеќе истакнати македонски уметници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП