6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi S8 пристигнува во текот на есента

Audi S8 пристигнува во текот на есента

Спортската верзија на седанот „Audi S8“ ќе се појави на пазарот во текот на оваа година, пренесува „Auto Bild“.

Не се очекуваат револуционерни промени во дизајнот на ентериерот, со суптилна спортска надворешна линија и издувен систем со четири цевки.

Големите бандажи се прилагодени со посебен систем за сопирање кој е неопходен за „S8“, за кој повеќето луѓе на кои брзината не им е во прв план, нема да ја забележат разликата во однос на стандардната верзија.

„Auto Bild“ не ја отфрлува можноста „застрашувачки“ мотор на битурбо 2,9-литарскиот „V6“, но нема сомневање дека во понудата ќе биде и 4,0-литарски „V8“ со два трубополначи.

Овој агрегат би требало да биде по многу работи сличен на погонот од „Porsche Panamera Turbo“, a се очекува да произведува повеќе од 500 KS.

Новиот „S8“ би можел да биде претставен во Париз на почетокот на октомври, а на пазарот се очекува кон крајот на оваа или почетокот на следната година.

„S8 Plus“ би можел да ја замени верзијата „E-Tron“ во која фокусот ќе биде на перформансите, а не на ефикасноста. Се шпекулира дека ќе го добие електричниот погон од „Panamera Turbo S E-Hybrid“ кој има речиси 700 KS.

Што се однесува до „RS8“, тешко дека ќе се појави со оглед дека на „Audi“ е приритет „RS“ ознаката во „SUV“ класата, иако компанијата од Инглоштат го лансираше „RS5 Sportback“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП