19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМилчо Манчевски во жири на филмски фестивал во Иран

Милчо Манчевски во жири на филмски фестивал во Иран

Mакедонски филмски режисер Милчо Манчевски е во жирито на Меѓународниот филмски фестивал Фаџр, што е во тек во главниот град на Иран, Техеран.

Ова е 36 издание на најголемиот ирански фестивал, а гости се над 300 режисери, сценаристи и професори од целиот свет, на чело со легендарнот американски режисер Оливер Стоун и италијанската легенда на шпагети вестернот Франко Неро.

Манчевски е во жирито на официјалната селекција за награди наречена Спас на филмот, заедно со режисерите Јоана Кос-Краузе од Полска, Димитри Атантис од Грција, кинематограферот Махмуд Калари и актерката Мерила Зараи од Иран.

Во една од програмите игра и македонскиот филм „Исцелител“ на дебитантот Ѓорче Ставрески.

Манчевски е добитник на над 40 меѓународни награди и признанија, меѓу кои и почесен докторат од универзитетот ВГИК во Москва, Златен лав во Венеција, номинација за Оскар, Индепендент Спирит, Давид ди Донатело, ФИПРЕСЦИ, УНЕСКО, Сребрен кондор, ЕМ-ТИ-ВИ и други. Неговите филмови се предаваат на бројни универзитети на сите пет континенти, а влезени се и во наставната програма на средните училишта во Италија и Турција. Користени се и во наставата во Јужна Кореја. За неговите филмови се одржани две академски конференции, во Фиренца и во Лајпциг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП