25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba размислува за нови опции за својот бизнис со чипови

Toshiba размислува за нови опции за својот бизнис со чипови

Јапонскиот технолошки концерн, „Toshiba Corp.“, може да го пропушти рокот од 1-ви мај, кога мора да го продаде својот бизнис со мемориски чипови на група предводена од финансискиот инвеститор „Bain Capital“, известува „Bloomberg“.

Сето ова ги зголемува шансите на јапонската корпорација да ги разгледа другите опции кои би можеле да донесат дополнителни милијарди долари во оваа поделбата.

Кинеските регулатори сега спроведуваат трет преглед на договорот, кој треба да заврши до 28-ми мај, вели еден извор, инсистирајќи на тоа да не е идентификуван бидејќи дискусиите не се јавни. Првичниот процес мораше да биде завршен до 31-ви март. „Toshiba“ и „Bain“ сакаат да го финализираат овој договор, но не можат да чекаат засекогаш, вели друг извор. Акциите на „Toshiba“ се зголемија за 5,3 отсто на почетокот на тргувањето во понеделникот, најострите скокови од ноември.

„Toshiba“ може да добие повисока цена за нејзината поделба, ако бара алтернативи за продажба од 2.000 милијарди јени (18,6 милијарди долари). Поделбата најверојатно ќе вреди најмалку помеѓу 22 милијарди и 24 милијарди долари сега, а „Toshiba“ може да го поврати тој износ преку иницијална јавна понуда или повторно договорен договор за продажба.

Компанијата со седиште во Токио првично стави итно бизнис на „маса“, кога се потребни милијарди, за да плаќаат за загубите во нуклеарните операции, но оттогаш доби пари за да ги олесни овие стравувања. Можноста за алтернативно сценарио се зголемува, вели Амир Анварзадех, висок стратег во „Asymmetric Advisors“ во Сингапур.

Според неговите зборови, на краток рок ова може да биде позитивно сценарио за акциите.

Претставник на „Bain“ не коментираше за оваа тема. „Toshiba“ не донела решение да го поништи договорот, изјави портпаролката Мидори Хара, одговарајќи на тој начин дека договорот е во „опасност“. Компанијата планира да го затвори договорот што е можно поскоро, рече таа.

Нобуаки Куруматани, кој неодамна ја презеде функцијата на извршен директор и претседател на јапонскиот производител на електроника, изјави претходно овој месец дека презел обврска да го продаде бизнисот за чипови, и покрај регулаторните пречки. Но, тој исто така предупреди дека ако Кина го отфрли договорот, „Toshiba“ и „Bain“ ќе мора да ги преиспитаат можностите. Продажбата можеби беше погодена од зголемениот трговски спор помеѓу САД и Кина, бидејќи „Bain“ е американска компанија, вели еден извор на „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП