14 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталијанците добија плус два дена за трансфери

Италијанците добија плус два дена за трансфери

Serie-A-logo-1357901143

Италијанската фудбалска федерација одлучи да го продолжи летниот преоден до 2-ри септември, како што е во повеќето големи првенства во Европа. Па така клубовите ќе можат да купуваат и продаваат фудбалери во периодот од 1-ви јули до 2-ри септември, а не како досега до 31-ви август.

Во меѓувреме пак, првите луѓе на италијанскиот фудбал не го прифатија предлогот за укинување на ограничувањето за доведување на играчи надвор од Европската унија. Така се задржува досегашното правило дека тимовите имаат право да имаат во составот само двајца фудбалери надвор од ЕУ.

„Проблемот со фудбалерите кои доаѓаат надвор од ЕУ не е во квантитетот, туку во квалитетот. Нашата цел со ова правило е да ги натераме тимовите да купуваат само фудбалери од висока класа”, изјави по овој повод претседателот на федерацијата Џанкарло Абете.

Од фудбалската федерација потврдија дека исто така остана да важи правилото дека два различни клуба можат да имаат ист сопственик, се додека играат во различни лиги во италијанскиот фудбал. Ова главно се однесува на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, кој ја издржува и Салернитана – клуб од третата дивизија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП