3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Четири годишни времиња“ од Вивалди и Пјацола со Ана и Олег Кондратенко

„Четири годишни времиња“ од Вивалди и Пјацола со Ана и Олег Кондратенко

Kонцертот „Годишни времиња – Пјацола/Вивалди“, ќе се одржи овој четврток, на 26 април, во 20 часот во Македонската филхармонија.

Како солисти ќе настапат едни од најдобрите македонски музички уметници, виолинистите Ана и Олег Кондратенко.

За првпат во Македонија ќе бидат изведени во иста вечер истоимените дела – „Четири годишни времиња“ – од двајцата истакнати композитори кои твореле во различни епохи – Антонио Вивалди и Астор Пјацола.

Комбинацијата на истоимените дела на Вивалди и Пјацола ќе донесе сплет од различни расположенија, а и ќе ги нагласи културолошките разлики помеѓу медитеранска Европа и срцето на Јужна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП