20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Amazon се приближуваат до нов рекорд

Акциите на Amazon се приближуваат до нов рекорд

Акции на „Amazon.com Inc.“ достигнаа раст од 2,7% во сесијата во четвртокот достигнувајќи го речиси рекордот од 12-ти март, откако основачот и извршен директор Џеф Безос подготви писмо до акционерите, во кое тврди дека компанијата има повеќе од 100 милиони корисници на „Prime“.

Растот се случува во инаку не така добар ден за „FAANG“ акциите – „FACEbook“, „Apple“, „Amazon“, „Netflix“ и „Google“ на „Alphabet“. Писмото беше примено со топла реакција од „Wall Street“, коментира „Bloomberg“.

Достигнувањето на „Amazon“ е „важно“, бидејќи членовите на „Prime“ трошат речиси двојно повеќе пари годишно, отколку не-членовите, пишува аналитичарот на „Aegis Capital“, Виктор Ентони. Иако на гигантот во трговијата му беа потребни 13 години – од дебито на услугата во 2005-та година па досега, за да стигнат до оваа пресвртница, Ентони предвидува дека Концернот ќе стигне до 150 милиони претплатници на „Prime“ во следните 3 години, особено со помош на специјалниот „Prime Day“, кој се организира еднаш годишно.

Џастин Поуст смета дека членовите ќе бидат 137 милиони до крајот на годината, додека видео-стримингот продолжува да привлекува нови корисници и да ги задржи постоечките.

„Amazon“ го задржа бројот на претплатници во строга тајност, принудувајќи ги аналитичари да ја пресметаат фигурата врз основа на истражување на пазарот. Коментарите на Безос покажуваат дека компанијата со седиште во Сиетл го продава „Prime“ и во странство, демонстрирајќи дека може да го репродуцира американскиот успех и таму, вели Рју Хотови, аналитичар во „Morningstar Inc“. „Amazon“ е во загуба поради својата меѓународна експанзија, но инвеститорите ќе страдаат ако претплатниците на „Prime“ имаат силен раст, вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП