27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmerican Express успеа да ги исполни очекувањата за првиот квартал

American Express успеа да ги исполни очекувањата за првиот квартал

„American Express“ (AmEx) со леснотија ги надмина очекувањата на „Волстрит“ за добивката за првиот квартал од годината благодарение на рекордното инвестирање во нејзините картички за лојални клиенти и силната американска економија, што им овозможи на корисниците да трошат повеќе.

Компанијата со седиште во Њујорк одвои рекордни 2,35 милијарди долари за бонуси кон клиенти во текот на првите три месеци од годинава, обидувајќи се да привлечат повеќе платежоспособни корисници и да ја смири конкуренција на големите американски банки, соопштува „Ројтерс“.

„JPMorgan Chase“, „Citigroup“ и „Bank of America“, се меѓу оние кои исто така нудат повластени картички, забележаа раст во бизнисот со картички за периодот јануари-март.

„Резултатите покажуваат добра рентабилност, која ја правиме, за да го охрабриме растот во премиум секторот“, рече во изјавата главниот извршен директор на „AmEx“, Стивен Скуери.

Од компанијата посочија исто дека очекуваат профитот за 2018-та година да е во горната граница на проекции во опсег меѓу 6,90 до 7,30 долари за акција. Просечните аналитичари очекуваат 7,11 долари по акција, според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Компанијата соопшти дека трошоците за потрошувачката за првиот квартал се зголемиле за 3 отсто во САД и 7 отсто во целиот свет. Ова е во пресрет на порастот на потрошувачката во САД во јануари и февруари.

Нето добивката на „AmEx“ се зголеми на 1,63 милијарди долари, или 1,86 долари по акција, во првите три месеци од годината. За една година порано, таа изнесуваше 1,25 милијарди долари или 1,35 долари по акција. Очекувањата на аналитичарите беа 1,71 долари по акција.

Вкупните приходи, со исклучок на расходите за камати, се зголемија за 12 отсто на 9,72 милијарди долари, со што се подобрија проценките на експертите за 9,46 милијарди долари.

Во меѓувреме, главен финансиски директор на „AmEx“, Џефри Кембел, рече дека компанијата ќе продолжи со откуп на акциите во втората половина од 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП