26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФилмски фестивал за млади „Џифони патува во Берово“

Филмски фестивал за млади „Џифони патува во Берово“

На 21 и 22 април ќе се одржи филмскиот фестивал за млади „Џифони патува во Берово“ како патувачки дел од фестивалот „Џифони Македонија“ во помалите градови од Македонија.

Во текот на двата дена во Бизнис-центарот во Берово учениците ќе ги гледаат италијанскиот филм „Девојка во лет“ и холандскиот филм „Малиот ганстер“, ќе дебатираат под модераторство на актерката Нина Максимова. Креативноста ќе ја надградуваат под менторство на Зорица Нушева во актерската работилница, со Роберт Јанкуловски на работилницата за фотографија и Моника Мотеска на ликовната работилница.

„Преку филмската програма, дебатите и креативните активности тимот на фестивалот ‘Џифони Македонија’ се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање. Преку работилниците учениците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност, а секако во текот на двата дена најважната работа за нив е да се дружат меѓу себе и добро да се забавуваат“, соопшти организаторот.

Во склоп на филмската програма ќе бидат прикажани и кратки видеа од последните изданија на фестивалите „Џифони експириенс“ од Италија и филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, со цел приближување на брендот „Џифони“ кон младите во Берово.

Фестивалската програма „Џифони Македонија патува“ се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија и фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Берово и италијанската амбасада во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП