20 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПролетно издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“

Пролетно издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“

Овој петок и сабота, 20 и 21 април, во Кинотеката на Македонија, филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“ ќе го организира „Пролетното издание“ на фестивалот . За време на овој филмски викенд ќе бидат прикажани четири документарни филмови од домашна и странска продукција.

Во петок во 20 часот ќе биде прикажан „Џеф Бакли: Сите тука те посакуваат“, а во 21.30 – „1959 -Годината што го промени џезот“.

В сабота, во 20 часот ќе биде прикажан „Телма Докубенд: Суперхикс“, во режија на Јордан Дуков, а влезот ќе биде слободен. Во 21 и 30 часот ќе биде прикажан „Девојката од Ипанема: Бразил, боса нова и плажата“.

Билетите ќе чинат 100 денари, освен за филмот за Суперхикс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП