23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОфицијално – BMW M2 Competiton (фото+видео)

Официјално – BMW M2 Competiton (фото+видео)

Германскиот производител на „BMW“ официјално го претстави своето ново „надуено“ купе „M2 Competition“. Компактниот спортски автомобил добил 3.0-литарски 6-цилиндричен мотор од поголемите „М3“ и „М4“, кој генерира 410 КС.

Вртежниот момент на моторот е 550 Nm, а единицата работи во комбинација со 6-брзински мануелен менувач или 7-брзински „DCT“ со две спојки. Во зависност од тоа, купето забрзува од 0 до 100 km/h за 4,2 или 4,0 секунди. Максималната брзина е 250 km/h, но со опционалниот „M Driver“ пакет, ограничувачот може да се премести на 280 km/h.

Верзијата „M2 Competition“ се разликува од стандардниот „BMW M2“ и по некои стилски решенија. Автомобилот претрпе мали промени во дизајнот, како и издувниот систем со 4 црни хромирани цевки и целосно нови 19-инчни тркала со гуми „Michelin Pilot Super Sport“.

Во кабината промените се многу помали, но сепак ги има. Новите спортски седишта, црвеното копче за стартување на моторот, спортскиот управувач, специјалните безбедносни ремени и оригинални предмети од Алкантара.

Покрај тоа, „BMW M2 Competition“ доби нов централен радијатор, два странични радијатори и нов систем за ладење. Сето ова е неопходно поради поставувањето на друг мотор под хаубата. Автомобилот, исто така, има подобрен електромеханички систем за управување и ревидиран „M“-диференцијал. Суспензијата исто така е редизајнирана со алуминиумски компоненти.

Системот за сопирање, исто така, е подобрен, при што автомобилот има поголеми дискови – 400mm напред и 380mm позади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП