25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНа „Ентер-фест“ во Скопје ќе настапи Ера Иштрефи

На „Ентер-фест“ во Скопје ќе настапи Ера Иштрефи

Ера Иштрефи, новата светска атракција, неофицијално е една од учесничките на претстојниот „Ентер-фест“, кој почнува на крајот на мај во Скопје. 23-годишната Ера Иштрефи бргу го привлече вниманието на британската и американската музичка индустрија, со кои веќе соработува.

Ештрефи, која ја нарекуваат Ријана од Косово, стекна светска слава со својата песна „Бон-бон“, која има над 500 милиони прегледи на „Јутјуб“, бројка што не ја достигнуваат и многу познати светски пејачи.

Светските медиуми пишуваат дека Ера Иштрефи ќе ја достигне и Рита Ора, но и Ријана, а за тоа во прилог ѝ одат сите досегашни случувања, како и покажаниот интерес за нејзината појава и глас.

Иштрефи е родена во Приштина, нејзината мајка е позната албанска пејачка, Сузана Тахирислај, и владееше со музичката сцена во 80-тите години.

„Ентер-фест“, кој почнува во Скопје на крајот на мај и ќе трае шест дена, е со амбиција да стане сериозна конкуренција на фестивалите во поширокиот регион. Организаторите за четврток најавија прес-конференција на која ќе соопштат кој сè доаѓа во Скопје од музичките ѕвезди. Идејата е главниот град на Македонија да стане епицентар на музичките случувања во шесте дена додека се одржува фестивалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП