29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus ќе и продаде на Германија воени беспилотни летала

Airbus ќе и продаде на Германија воени беспилотни летала

Германија е блиску до финализирање на договорот со „Airbus“ за купување на дронови кои можат да служат за уништување на цели на непријателска територија.

Договорот за леталата дизајнирани во Израел изнесува скоро 1,1 милијарда долари, вклучувајќи обука и одржување.

Германија ќе ги купи „Heron TP“ моделските беспилотни летала, кои беа создадени од „Israel Aerospace Industries“.

Зделката е подложена на широка дебата во Германија, бидејќи до сега земјата не располагаше со слични машини, а не се дизајнирани за одбранбени активности, а туку за разузнавачки мисии.

Во писмен одговор на прашањето на адвокатот на опозициската левичарска партија во Германија Андре Хунко, германскиот министер наведува дека целта е договорот да биде потпишан до крајот на месец мај.

Владата посочува дека земјата ќе има флота од дронови кон средината на 2020-та година.

Зделката не вклучува купување на системи на оружје за дроновите, ниту обука за користење за деструктивни можности.

Иако „Heron TP“ е создаден како разузнавачко средство, дронот може да биде опремен со моќно оружје – нешто што САД го направи прикачувајќи ракети на дроновите „Hellfire“ кои се од локално производство.

Според германското издание „Der Spiegel“, Германија ги претпочита израелските ракети „Jedi“, кои се дизајнирани така што ќе ги минимализираат придружните штета при експлозија како резултат на зафатената цел.

Дронит „Eitan“, познат и како „Heron“, може да прелета одеднаш дистанца од над 7.400 километри и да отстане во воздух над 70 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП