25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Исцелител“ на еден од најголемите фестивали во Азија

„Исцелител“ на еден од најголемите фестивали во Азија

„Исцелител“ ќе се прикажува на 8-мото издание на престижниот меѓународен филмски фестивал во Пекинг (BIJFF). Филмот ќе ја има својата кинеска премиера во официјалната натпреварувачка програма „Forward Future“ на 23-ти април.

Меѓународниот филмски фестивал во Пекинг е основан во 2011 година. Следејќи го се поголемиот интерес за меѓународни филмови на публиката во Кина во последнава декада, фестивалот се обидува да обезбеди високо квалитетен и престижен настан за интеракција на кинеската и светската филмска индустрија. Во последните три години фестивалот во Пекинг го следеле повеќе од милион посетители.

Бројни холивудски актери и режисери присуствувале на неговите проекции. Дел од познатите личности кои минатите години го посетиле фестивалот се: режисерите Џејмс Камерун, Лук Бесон, Оливер Стоун и Дарен Аранофски, актерите Киану Ривс и Жан Рено, актерката Натали Портман и други.

Оваа година претседател на жирито е легендарниот Вонг Кар-Ваи, авторот на култните „Расположени за љубов“ и „Чанкинг експрес“, а член на жирито е Рубен Остлунд, режисерот на минатогодишниот добитник на златна палма, филмот „Квадратот“. На фестивалот ќе се прикажат повеќе од 500 филмови а во склоп на фестивалот ќе се одржат и денови на филмската индустрија, изложби и ретроспективи.

Ова е премиерно прикажување во Кина за „Исцелител“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП