21 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРА25-годишeн јубилеј во кариерата ќе прослави актерката Магдалена Ризова

25-годишeн јубилеј во кариерата ќе прослави актерката Магдалена Ризова

Магдалена Ризова во својот уметнички ансамбл ќе го прослави нејзиниот 25-годишен јубилеј како професионален актер. По тој повод, на малата сцена во „Театар комедија“ утревечер, 14 април, ќе се одигра романтичната комедија „Дони Дарк“, во режија на Роберт Ристов, претстава со која Магдалена Ризова ја започна соработката со „Театар комедија“ во септември 2017 година, кога се роди и идејата за нејзин постојан ангажман во овој театар.

Од богатиот 25-годишен опус на актерката Магдалена Ризова ќе издвоиме неколку позначајни улоги што ги има одиграно на сцената на МНТ: Коробочка во „Мртви души“ (Гогољ), Аце, бабата и Евдокија во „Буре барут“ (Дејан Дуковски), насловната улога во „Мурлин Мурло“ (Николај Кољада), Мими во „Грев или шприцер“ (Сашко Насев), Јохана во „Баал“ (Брехт), Даница во „Народен пратеник“ (Б. Нушиќ), Оливер во „Глембаеви“ (М. Крлежа), Госпоѓата во „Слугинки“ (Жан Жене), Андромаха во „Големиот смок“ (Митко Маџунков), Ангелина во „Лепа Ангелина“ (Блаже Ристески), Бопчински во „Ревизор“ (Гогољ), Евгенија во „Болва во уво“ (Ж. Фејдо), Шарлота (1997) и Варија (2013) во „Вишновата градина“ (Чехов), Љупка во „Оркестар Титаник“ (Христо Бојчев), Хорацио во „Аферата Елсинор“…

Како и наградите: Награда за најдобра епизодна улога на филмскиот фестивал во Лугано – Швајцарија (1991) за улогата „Марија“ во филмот „Вистина“; Награда за најдобар млад актер на театарските игри „Војдан Чернодрински“ (1993) за улогата „Мими“ во „Грев или шприцер“; Награда за најдобра женска улога на фестивалот во Ливерпул – Англија (1994) за улогата „Јохана“ во претставата „Баал“; Награда за најдобра женска улога на театарските игри „Војдан Чернодрински“ (1995) за улогата „Коробочка“ во претставата „Мртви души“; Награда за најдобра претстава и најдобра женска главна улога на Балканот на Балканскиот фестивал во Софија, Бугарија (1998) за улогата Мурлин Мурло во истоимената претстава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП