19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на детската илустрирана бајковита книга „Чудновија“ на Матеј Богдановски

Промоција на детската илустрирана бајковита книга „Чудновија“ на Матеј Богдановски

Во културниот центар „Кино култура“ вчерва во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Чудновија“ од ликовниот уметник Матеј Богдановски. Книгата ќе ја промовира Јана Јакимовска, академска сликарка и професорка на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Станува збор за книга која содржи 17 приказни и 11 илустрации. Бајковитите приказни од имагинарниот свет на Богдановски се меѓусебно поврзани и раскажуваат за измислени и митски суштества кои се дел од неговиот интимен детски развој. Неговата примарна дејност, сликарството, ги надополнува овие кретивни нарации и уште повеќе ја доближува книгата до детскиот свет преку илустрациите.

„Светот на ‘Чудновија почнав да го создавам кога имав 10 или 11 години. Како и сè во детството и ова беше една моја игра и забава која ја искажував низ цртежи и досетки што ги правевме со брат ми Дамјан. Всушност, овој свет првично е измислен како Хелуинленд. Во почетокот на 90-тите години на минатиот вeк празникот Хелуин беше сè уште егзотика кај нас. Запознаен со него преку првите сателистски канали, цртани филмови и видеоигри, целиот амбиент што тој го носеше со себе, со изрезбаните тикви и со нивната стравичност, ликовите на вештерки, вампири, духови, костури и тиквоглавци, беше интересен за нашата возраст, а ете за мене дури инспиративен“, вели Богдановски во предговорот на книгата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП