18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Audi A6 Avant - караван со спортски имиџ (фото+видео)

Новиот Audi A6 Avant – караван со спортски имиџ (фото+видео)

Германскиот производител „Audi“ официјално ја претстави новата генерација на „A6 Avant“. Автомобилот доби стилски и современ дизајн на ентериерот и екстериерот, како и најсовремените технологии.

Караванот ги следи чекорите на претходниот седан, кој изгледа многу поспортски од својот претходник. Автомобилот доби стилска решетка на ладилникот и „мускулест“ дизајн. Иако е насочен кон практичност, караванот е најубав во историјата на моделот.

Новиот „Audi A6 Avant“ е опремен со „LED“ фарови. Освен тоа „Audi“ нуди оптика „HD Matrix LED“ за дневни светла, а од компанијата потенцираат дека коефициентот на аеродинамичниот отпор е 0,27.

Внатрешноста на караванот речиси целосно се повторува од оној на седанот. Во кабината има информациски систем со 10,1-инчен монитор, дигитален 12,3-инчен инструмент панел и 8,6-инчен дисплеј, од кој се управува климатизацијата.

Од компанијата истакнуваат дека ентериерот на „Audi A6 Avant“ (моделот година за 2019-та) ќе се нуди во различни варијанти, вклучувајќи и скапа кожа „Valcona“ и природно дрво. Клиентите ќе може да нарачаат предни седишта со греење, вентилација и масажа. А панорамскиот стаклен покрив, јонизер за воздухот, „Bang & Olufsen“ акустичниот систем и друго, исто така, се предвидени за возилото.

Голема предност на караванот е багажникот, кој располага со 565 литри, но при навалување на задните седишта волуменот се зголемува до 1.680 литри. Автомобилот има електрична задна врата, како и посебен систем за чување на багажот.

Досега, „Audi“ не ги објави техничките детали за караванот, но се очекува да ги добие мотори кои се користатво седан верзијата. Тоа значи дека „A6 Avant“ ќе се потпира на моторите 3.0-литарски V6 TFSI (340 КС и 500 Nm) и 3.0-литарски V6 TDI (286 КС и 620 Nm). Сите верзии ќе бидат опремени со „мек“ хибриден систем со стартер-генератор и регенеративен систем за обновување на енергијата.

Системот за управување со четирите тркала исто така е предвиден за возилото, со што се намалува радиусот на кривините, како и ракувањето при голема брзина. Постојат четири различни опции за суспензија – стандардни со челични пружини, спортски, адаптивни пневматски и прилагодливи амортизери.

Караванот располага и со технолошките системи за помош на возачот, кои е поддржан од 5 радарски сензори, 5 камери, 12 ултразвучни сензори и ласерски скенер. Сите овие опции дебитираа на предводникот „Audi A8“ седан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП