6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако во текот на 25 години се менуваше Viper (видео)

Како во текот на 25 години се менуваше Viper (видео)

Иако првата генерација на „Dodge Viper“ е претставена дури во 1992-ра година, овој модел во меѓувреме прерасна во вистинска американска автомобилска икона.

Последниот „Viper“ беше произведен во август 2017-та, кога и официјално беше стопирано производството на суперспортскиот модел кој траеше две и пол децении.

Иако не беше долговечен како некои други легендарни американски модели, како што се „Chevrolet Corvette“ или „Ford Mustang“, „Dodge Viper“ за 25 години постоење се стекна со репутација на икона на 4 тркала.

Кога се појави во 1992-ра, моделот имаше 8.0-литарски V10 со 405 ks, поврзан со мануелен менувач со шест брзини. Последната генерација беше испратена во пензија со 8.4-литарски V10 агрегат кој произведуваше 654 ks.

Погледнете како се менуваа „Dodge Viper“ и неговите погонски единици од 1992-ра дo 2017-та:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП