19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИSaudi Aramco подготвува експанзија на најголемата рафинерија во САД

Saudi Aramco подготвува експанзија на најголемата рафинерија во САД

Саудиската компанија „Saudi Aramco“ ги презеде првите чекори за проширување на најголемата американска рафинерија со која оперира нејзината „ќерка фирма“ – „Motiva Enterprises“.

Главниот извршен директор на „Aramco“, Амин Насер потпиша договор со компаниите „Honeywell UOP“ и „Technip FMC“ за истражување на технологии за производство на нафтенохемиски производи кои ќе се користат во фабриката кој компанијата се подготвува да ја изгради во рафинеријата во Порт Артур.

„Овие договори ги сигнализираат нашите планови за проширување кон нафтенохемискиот сектор“, изјави главниот извршен директор на „Motiva“, Брајан Кофман, цитиран од агенциите.

Според него, неговата компанија размислува за зголемување на капацитетот од 603.000 барели дневно на рафинеријата до 1 или 1,5 милиони барели на ден, што ќе ја претвори во најголема во светот.

За време на потпишувањето присуствуваа саудискиот принц Мохамед бин Салман, кој е кон крајот на двонеделна посета на САД, саудискиот министер за енергетика Халид ал Факих и американскиот колега Рик Пери.

Конечната инвестициско решение за нафтенохемиската фабрика не се очекува да биде отворена пред 2019-та година, изјавија од „Motiva“ во соопштението.

Во моментов рафинеријата на „Reliance Industries“ во Џамнагар, Индија е со најголем капацитет во светот во износ од 1,2 милиони барели дневно.

Минатата година „Aramco“ најави дека ќе инвестира 18 милијарди долари во „Motiva“, за да го зголеми капацитетот на објектот во Порт Артур и да премине кон производство на нафтенохемиски производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП