28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПијано маратон на Дуња Иванова на плоштад „Македонија“

Пијано маратон на Дуња Иванова на плоштад „Македонија“

На 16 април (понеделник), на плоштадот „Македонија“ во Скопје со почеток во 12 часот пијанистката Дуња Иванова ќе приреди неколкучасовен перформанс.

Во нестандардна форма, како концерт насловен ,,Наминување“, ќе прозвучат делата на истакнати современи автори меѓу кои: Глас, Сакамото, Најман, Перт, Еинауди, Прајснер, Ливингстон, Бернштајн, Еванс, како и Битлси, Коен итн. Овој настан на Иванова е дел од поддржаните проекти на годинешниот конкурс од областа на културата на Град Скопје.

„Ваквата форма на прием на современиот звук за пијано е со единствена намера квалитетната музика да ги пресретне слушателите кога тие се всушност неподготвени за неа. Наспроти конвенционалниот начин на следење солистички концерти за пијано кои претпоставуваат посебна подготовка, планирање, концертна сала, програма и слично, овој настан ги пречекува слушателите за време на паузата за ручек или додека траат работните обврски, по или пред училиште, на патот до чевларницата или пазарот, во секојдневната брканица. В понеделник скопјани и сите намерни или случајни гости на Скопје кои патот ќе ги поведе кон плоштадот ќе имаат околу 180 минути можност да се сретнат со вистински добра музика“, се вели во најавата за настанот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП