23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на скопскиот состав „Светлост“ во Планетариумот

Концерт на скопскиот состав „Светлост“ во Планетариумот

Скопскиот состав „Светлост“ утре, 11 април, со почеток во 21 часот, ќе одржи концерт во Планетариумот.

„Светлост“ е музички колектив основан во 2014 година. Се работи за флексибилен ансамбл, кој основното трио Кристијан Новковски (Палиндром, The Local Blue), Дени Омерагиќ, Нинослав Спировски (Fighting Windmills), го користи како платформа за соработка со повеќе музичари од различни профили.

Музиката на овој состав се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретен проект – најчесто е информирана од стилски правци како слободен џез, пост-рок, електро-акустична музика, минимализам и амбиентална музика. На овој концерт ќе настапат со материјал во кој ќе преовладуваат последните три.

Оваа среда ќе настапат во состав: Нинослав Спировски (кларинет/саксофон), Кристијан Новковски (удиралки) и Дени Омерагиќ (синтесајзер/електроника). За придружната планетариумска проекција ќе биде задолжен Даниел Анастасов. Билетите во ограничен број (60) се достапни на билетарата на МКЦ по цена од 150 денари, во претпродажба и 200 денари на ден на настанот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП