26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзведба на претставата „55 нијанси геј“ во Скопје на фестивалот „Лица без...

Изведба на претставата „55 нијанси геј“ во Скопје на фестивалот „Лица без маски“

Косовскиот театар „Ќендра мултимедија“ во рамки на 11. издание на фестивалот „Лица без маски“ на 14 април, на малата сцена на МНТ, со почеток од 20 часот, ќе ја изведе претставата „55 нијанси геј“. Автор на претставата е Јетон Незирај, а режијата е на Блерта Незирај.

Во претставата е раскажана приказна за еден геј пар кој сака да стапи во брак во конзервативен провинциски град, кој е длабоко хомофобичен. Тие го поднесуваат своето барање во време кога италијанското здружение „Дон Боско“ започнува со изградба на фабрика за производство на кондоми во градот, проект кој е финансиски поддржан од Европската Унија и е наменет за олеснување на невработеноста, која во тој град е на ниво од 90 %. Интелектуалците, уметниците, политичарите, верските лидери и професионалните лансери за гранати се обидуваат да го спречат овој брак да се случи, и покрај фактот што истополовиот брак е дозволен со уставот на земјата, кој премиерот го потпиша според инструкциите на ЕУ.

„55 нијанси на геј“ е бурлеска приказна за ЛГБТИ политиката на Балканот и Европа. Локалните балкански политичари се обидуваат да ги манипулираат и измамат официјалните претставници на ЕУ, хуманитарните платеници на меѓународни невладини организации често го искористуваат хомофобичното опкружување за да соберат средства, за да можат да ги спроведат своите социјални и образовни проекти (како што се работилници и семинари за употреба на кондоми), додека ЕУ службениците, користејќи ја нивната супериорна финансиска и политичка позиција, се обидуваат да ги потчинат сите.
Во оваа тројство (манипулација, злоупотреба, потчинување), прашањето поставено од претставата е: Дали е можно сексуално ослободување на Балканот? Или, дали Балканот може да започне „Балканска пролет на сексуалната револуција“?

Во претставата игра докажана актерска екипа од Косово: Тристан Халилај, Бујар Ахмети, Шенгил Исмаил, Семира Латифи, Алкета Силај, Луан Дурмиши (вокал). Сценографијата и костимите се на Себастијан Елрих, музиката на Ирена Поповиќ, а кореографијата е на Флориан Билбао.

Билети за претставата може да се набават на касата на Универзална сала, по цена од 200 денар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП