10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ канадска фирма собирала лични податоци на корисници на Фејсбук

И канадска фирма собирала лични податоци на корисници на Фејсбук

Компанијата Фејсбук објави дека ја прекинува соработката со канадската фирма за консултантски услуги во областа на политиката „Aggregate IQ“ (Агрегејт ај-кју).

Соработката е прекината откако беше објавено дека е можно компанијата на несоодветен начин да имала пристап до личните податоци на корисниците на Фејсбук.

Фејсбук е под голем притисок откако беше објавено дека податоци на милиони корисници завршиле во рацете на консултантската фирма „Кембриџ аналитика“, а поранешен вработен во таа компанија тврди дека „Кембриџ аналитика“ соработувала со канадската „Агрегејт ај-кју“.

„Во контекст на неодамнешните извештаи дека можеби ‘Агрегејт ај-кју’ на несоодветен начин добивала податоци за корисниците на Фејсбук, ние ги додадовме на листата на компании со кои ја прекинуваме соработката додека трае нашата истрага“, се наведуваа во соопштението на Фејсбук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП