4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЕлектроакустичен концерт на Џијан Емин и Здружението на џез-уметниците

Електроакустичен концерт на Џијан Емин и Здружението на џез-уметниците

Македонската филхармонија и Здружението на џез-уметниците на Македонија, на 12 април (четврток) во 20 часот, ќе одржи електроакустичен концерт на Џијан Емин.

На концертот ќе биде изведена нова авторска музика на македонскиот композитор, аранжер и инструменталист Џијан Емин, која ќе ја изведат 40-ина музичари, членови на Македонската филхармонија, а еден дел ќе биде составен од најактивните џез-музичари во Македонија.

Насловот на концертот на некој начин го објаснува и самиот концепт на концертот. Како што вели Џијан Емин, тој му дава одредена очекувана естетика, која можеби веќе создава и одредена музичка слика кај слушателите.

„Кај мене, пак, се јавува простор за послободно музичко изразување и желба за музика што се создава во самиот момент на случувањето користејќи ја моќта на организираната импровизација. Секако, за терминот електронски да биде оправдан, ќе се користат благодатите на модерната технологија, но овој пат на неконвеционален начин со директно аплицирање на оркестарските подгрупи и солистите со чиј процес ќе добиеме нови звучни слики и текстури“, вели Емин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП