Францускиот бренд „Citroen“ објави обновена верзија на својот мал модел „C1“. Градското возило е опремено со модернизиран мотор, нови можности за индивидуализација и специјална модификација, именувана по популарното женско списание.
Под хаубата, „Citroen C1“ доби модифициран 3-цилиндричен бензински еден литарски мотор на „Toyоta“. Неговата моќност се зголемува од 69 на 72 „коњи“, но максималниот вртежен момент е 93, наместо 95 Nm. Моторот работи во тандем со 5-степен мануелен менувач или автоматски „ETG“. На некои пазари може да се купи и верзија со 3-цилиндричен „PureTech“ 1.2-литарски (82 КС), но од компанијата засега не откриваат дали тој бил доработен.
Внатрешноста има 7-инчен мултимедијален систем на допир кој поддржува „Apple CarPlay“, „Android Auto“ и „MirrorLink“. Меѓу асистентите го одликува камерата за гледање наназад, пристапот до кабината без употреба на клуч, одржувањето во лентата на движење и функцијата за помош при тргнување на нагорнина.
„Citroen C1“, исто така, доби две нови верзии – „Urban Ride“ и „Elle“. Првата е опремена со црна обвивка на страничните ретровизори, затемнети прозорци, црни 15-инчни тркала со нов дизајн, портокалови елементи во кабината и можност за избор од пет бои на каросеријата.
Втората верзија, именувана по популарното женско списание, е наменета за женската публика и се одликува со три верзии на каросеријата и 15-инчни тркала од лесни легури.