Еден од најпопуларните поткомпактни кросовери во Европа доби верзија „S-Edition“ со 150 „коња“.
За оние кои не беа задоволни од моќта на моторите во досегашната понуда, „Renault“ подготви пакет „S-Edition“ со „TСe“ турбо бензинец од 150 ks (112 kW).
Купувачите кои ќе се одлучат за овој модел ќе можат да изберат помеѓу стандардниот шестбрзински мануелен менувач и „EDC“ автоматик со двојно квачило за кој треба да доплатат.
„Captur S-Edition“ ќе биде достапен во екслузивна, „Iron Blue“ сина боја на надворешноста, во комбинација со црн или сив покрив.
Покрај ова боја, на располагање ќе бидат уште осум опции со две бои.
Автомобилот од надвор ќе се разликува од другите верзии на „Captur“ и по ознаката „S-Edition“, но и по специјалните 17 инчни алуминиумски бандажи, кои доаѓаат како стандардна опрема.
Во внатрешноста доминира „Alcantara“ на седиштата, а присутни се и контрасни сини детали, како што е конецот со кој се сошиени навлаките на седиштата и кожната облога на воланот, рачната сопирачка и рачката од менувачот.
Во стандардната опрема е и „R-Link Evolution“ мултимедијалниот систем, предните, страничните и задните сензори за паркинг, камерата за паркирање наназад, системот за помош при паркирање – „Easy Park Assist“ и предупредувањето за други возила во мртвиот агол.
„Renault“ соопшти, дека покрај моторот со 150 ks, „Captur S-Edition“ ќе може да се нарача и со погонски едници по помала моќност – тубро бензинец со 120 ks (89 kW) и 1.5-литарски турбо дизел со 110 ks (82 kW).
Книгата за нарачки за овој модел во Франција е веќе отворен, а најевтиниот „Captur S-Edition“ во оваа земја чини 23.300 eвра. Станува збор за „TСe“ бензинец со 102 коњски сили.