3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНов роман на Божин Павловски

Нов роман на Божин Павловски

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат романот „Монахот од Тамнава“ од Божин Павловски. На страниците од своето најново романескно остварување, познатиот македонски писател како на филмско платно отсликува бројни човечки судбини.

„Романот плени со својата едноставност, со искреноста и „вистинитоста“ на наративниот исказ. Во фонот на човечките доблести, маестрално се извајани цела галерија ликови, почнувајќи од „измислените“ а завршувајќи со „вистинските“ како Хемингвеј, кој не е само метафора туку и своевиден идол за двајца пријатели со писателски амбиции… Романот завршува со глава без глава во потрага по времето педесет години подоцна, и со уверување дека можеби не вреди да се живее, но уште помалку вреди да се умре. Или што би рекол Хемингвеј – човекот може да биде уништен но не и поразен“, констатира Блаже Минвски во рецензијата на ова дело.

Божин Павловски е автор на богат прозен опус, високо вреднуван од страна на критиката и наградуван со дваесетина престижни национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на Интербалканската награда за литература во Солун и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на кутурата.

Член е на Македонската академија на науките и уметностите од 1988 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП