11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај за Mercedes-AMG SL65: Еден V12 помалку

Крај за Mercedes-AMG SL65: Еден V12 помалку

Последниот примерок на моќниот „роудстер“ со V12 мотор би требало да слезе од производната лента во мај.

„SL Сlasѕ“ на „Mercedes“ е присутна на пазарот сокоро 65 години, а во врвот на понудата на актуелната генерација е „AMG“ верзијата „SL65“.

Oвој автомобил добива моќ од познатиот 6.0-литарски би-турбо V12 бензинец со 612 ks (450 kW) и 1.000 Nm.

Тоа е иститот мотор кој се наоѓа и во најмоќните модели од „S Сlasѕ“ (лимузина, купе и кабриолет „S65“), потоа „Mercedes-Maybach S650“ (седан и кабрио), како и теренците „Mercedes AMG G65“ и „Maybach G650 Landaulet“.

Исто така, оваа погонска едниница е користена и како основа за моторот кој го придвижува суперспортскиот „Pagani Huayra“.

Со укинувањето на актуелниот „SL65“, „Mercedes“ ќе изгуби уште еден од (се поретките) моделите кои користат V12 агрегат.

Кога станува збор за наследникот, се шпекулира дека тој ќе има „поблаг“ хибриден погон, слично како новиот модел „Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe“, кој дебитираше на саемот во Женева.

Новиот луксузен „роудстер“ би требало да ја има ознаката „73“ и да произведува околу 800 ks. Како што пишува „MB Passion“, „Mercedes-AMG SL65“ заминува во пензија кон крајот на мај 2018-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП