2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на акциите на Sharp го спаси профитот на главниот подизведувач на...

Продажбата на акциите на Sharp го спаси профитот на главниот подизведувач на Apple

Главниот подизведувач на „Apple“, „Hon Hai Precision Industry“ (познат како Foxconn) го почувствува притисокот од подоцнежното претставување на „iPhone X“ во минатата година, покажаа последните резултати на најголемиот производител на електроника по нарачка во светот.

Според аналитичарите, ако не била еднократната добивка од 2,2 милијарди долари од продажбата на акциите на „Sharp“, последниот квартал од 2017-та година би требало да биде најлошиот за компанијата од 2010-та година, пренесува „Bloomberg“.

„Hon Hai“ објави нето профит од 71,7 милијарди тајвански долари (2,5 милијарди долари) во трите месеци до крајот на декември, врз основа на пресметките на претходниот финансиски извештај. Ова е над просечната проценка од 58 милијарди тајвански долари. Приходите за четвртиот квартал достигнаа рекордно високо ниво од 1,73 илјади милијарди тајвански долари (59,5 милијарди долари) и заработка по акција изнесуваше 4,14 тајвански долари.

Аналитичарите ја посочуваат продажбата во декември на акциите на „Sharp“ за 352,5 милијарди јени (3,1 милијарди долари) на „ES Platform“ – партнерство на вработени на компанијата, како главна причина за подобрите од очекувањата резултати на „Foxconn“.

„Главниот поттик за профитот доаѓа од не-оперативните активности. „Hon Hai“ продаде специјални акции на „Sharp“ во текот на истиот период, собирајќи до 66 милијарди тајвански долари“, изјави Артур Лиао, аналитичар во „Fubon Securities“. „Без тоа, заработката по акција за кварталот ќе беше само околу 1,44 тајвански долари“.

Врз основа на пресметките на аналитичарот, нето добивката на „Hon Hai“ ќе биде помала од 25 милијарди тајвански долари без продажба на акциите на „Sharp“. Тоа ќе биде најнискиот профит на компанијата во четвртиот квартал од пред седум години. Оперативната добивка изнесуваше 32,4 милијарди тајвански долари, според пресметките на „Bloomberg“. И бруто маржата и оперативната маргина на профит остануваат под проценките.

Годишниот нето-профит изнесуваше 138,7 милијарди тајвански долари (4,7 милијарди долари), пад за прв пат од 2008-ма година, откако компанијата поднесе удар во втората половина на 2017-та година поради задоцнетите испораки на „iPhone X“. Иако вестите за недоволната побарувачка на уредот главниот извршен директор на „Apple“, Тим Кук изјави минатиот месец дека „iPhone X“ е најдобро продаван смартфон во божиќните празници, повикувајќи се на податоци на консултантската компанија „Canalys“.

„Hon Hai“, дел од „Foxconn Technology Group“ на милијардерот Тери Гау, е единствениот производител на најскапиот уред на „Apple“.

Повеќе од половина од приходите на „Hon Hai“ доаѓаат од „Apple“, но Гоу бара начини да ја прошири компанијата подалеку од само составување на уредите – особено со оглед на забавувањето на пазарот на паметни телефони. Тој во моментов планира да ја направи „Foxconn Industrial Internet“, подружница фокусирана на облачни услуги и вештачка интелегенција – јавна компанија во Кина. Според проценка од 13-ти март Лиао смета дека пазарната вредност на „FII“ може да достигне 269 милијарди јуани (43 милијарди долари) спрема проценката на „Hon Hai“ за 56 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП